Еклстон нема ништо со превземањето на Вилијамс, тврди Клер

Клер Вилијамс ги демантираше шпекулациите дека поранешниот шеф на спортот, Берни Еклстон, е човекот кој стои зад неодамнешното превземање на тимот.

Финските весници напишаа дека Дорилтон Капитал, американскиот инвестициски фонд, го превземал тимот преку својата подрижница БЦЕ, а токму тие три букви се иницијалите на господинот Еклстон.

Запрашана да ги коментира гласините, заменик шефот на тимот, Клер Вилијамс, откри дека истите се невистинити.

ги видов шпекулациите и зборував со господинот еклстон на почетокот на неделата и го прашав дали тој стои зад купувањето, секако на шега. берни нема врска со новото раководство, а дорилтон капитал се целосно независни. ќе повторам, берни не е нов сопственик на вилијамс.

во вакво сложено финансиско окружување, трансакциите секогаш се многу тешки за разбирање, но ние во вилијамс сме среќни и задоволни што успеавме да обезбедиме нови сопственици со голема страст за тимот и за вилијамс.

тие имаат јасн амбиција и цел каде го гледаат тимот и подготвени се да инвестираат во компанијата за да ги остварат поставените цели – објасни таа.

Таа многу често ја потенцираше независноста и семејната историја и сопствеништво на екипата и велеше дека сака тоа да остане така. Но, финансиските проблеми ги натераа да ја продадат екипата, а Френк откри дека тешко се помирува со таквата судбина.

ќе лажам ако кажам дека не бев многу емотивна минатите неколку месеци, но тој период помина, успеавме да го изменаџираме целиот процес и ова што го правиме е само добро за вилијамс. продажбата беше нешто на што не размислувавме многу затоа што во екипата се потребни инвестиции за подобра иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ