Луис Хамилтон е највлијателен црномурест британец

Луис Хамилтон е прогласен за највлијателен црномурест британец откако константно се бори за расната еднаквост од почетокот на годинава.

Седумкратниот првак се најде на врвот на Powerlist 2021 неколку денови откако ја освои својата рекордна 7ма шампионска титула и се изедначи со рекордот на Михаел Шумахер.

Оваа сезона тој константно се бори за еднаквост во спортот по смртта на Џорџ Флојд во Америка, настан кој донесе разгорување на страстите. Самата тркачка серија ја започна #WeRaceAsOne иницијативата за да покаже поддршка за човековите права.

Овогодинешната Powerlist 2021 се фокусира на оние кои имале клучен удел во области како расната еднаквост и Ковид-19, а Хамилтон беше единствен спортист кој стигна до топ-10, дури пред Профессор Кевин Фент, регионалниот директор на Јавната здравствена организација на Англија. На трето место се најде музичарот Stormzy кој се обврза да донира 10 милиони фунти во следните 10 години за борба против расната нееднаквост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ