Браун очекува Норис и Рикардо да бидат изедначени

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, предвидува дека ќе има мала разлика во перформансите помеѓу неговите двајца возачи Ландо Норис и Даниел Рикардо во 2021 година.

Додека Норис е во својата трета сезона со тимот, Рикардо ќе дебитира за Мекларен на Големата Награда на Бахреин следниот месец откако се пресели од Рено во текот на зимскиот период.

Мислам дека ќе имаме прилично блиски трки помеѓу нашите двајца возачи.

Тие се одлични личности надвор од тркачкиот болид и одлични за дружење, Но откако ќе стават кацига, тие се прилично жестоки.

Се надеваме дека двајцата ќе се притискаат еден со друг и ќе се обидеме да ги нападнеме некои од тимовите пред нас – најави браун.

Екипите пред нив се Мерцедес и Ред Бул, а Браун призна дека и покрај враќањето во форма за Мекларен во 2020 година, за нив останува голема работа оваа сезона.

Ја намаливме разликата минатата година и тоа е нашата цел и за оваа година. Минатата сезона беше толку близу и очекувам да биде уште поблиску. Разликата е сè уште огромна, но тоа е приоритет број еден.

Отидовме на последната трка и можевме да бидеме трети, четврти или петти. Тоа навистина немаше да биде одраз на тоа како ја намаливме разликата.

Додека сите тимови на гридот се соочуваат со невиден предизвик да подготват нов болид додека работат под ограничувањето од Корона вирусот, Мекларен исто така имаше единствена задача да ги смени агрегатните единици од Рено во Мерцедес за 2022 година.

Се чувствуваме многу подготвени. Имаме промена на моторот, така што ја имаме веројатно најзначајната промена од кој било тим.

Со ограничено тестирање, сигурно имаме полни раце работа, Но сметам дека сите во Мекларен извршија извонредна работа.

Ние први го промовиравме новиот болид, па мислам дека сме подготвени. Ајде да видиме колку е брз откако ќе почнеме со сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ