Шумахер се тркал гневен во Имола

Мик Шумахер призна дека возел во днев откако погреши на почетокот од Гранд При трката на Емилија Ромања.

Дебитантот и актуелен Формула 2 шампион се изврте на отворањето на сезоната во Бахреин, но се врати во трка, а исто беше и во Имола каде се изврте зад безбедносно возило додека по лизгавиот асфалт ги загреваше гумите подготвувајќи се за рестартот. Сударот му го уништи предното крило и мораше непредвидено да застане во бокс.

Германецот ја заврши трката на 16то место, единствено пред својот колега Никита Мазепин.

искрено не знам што се случи, возев брзо и загубив контрола завршувајќ иво ѕидот. потоа буквално возев во гнев до крајот на трката, не знам како се виде на телевизија, но имав доста промашени точки на кочење и излетување по песокот.

но, научив многу од оваа трка, да се соберам и да продолжам и покрај тоа што сум погрешил. сакав да ги стигнам останатите, но бевме предалеку и не можев ништо да направам – објасни шумахер.

Но, Мик може а научи многу од трката затоа шт осе запозна со процедурата на црвено знаме и прекин, а потоа се тркаше и со Кими Раиконен, еден од ривалите на татко му.

добро е да се вози во група, да се добијат информации и чувство како е да се следат други болиди. во еден момент бев на меките ц4 пред црвеното знаме и ми беше одлично што имав можност да го нападнам и минам кими.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ