Никита Мазепин го обвини Николас Латифи за инцидентот поради кој возачот на Вилијамс предвреме ја заврши трката во Имола.
Латифи се изврте на Аква Минерале во првиот круг, а малку подоцна, кога се врати на патеката, се удри во Мазепин и излета надвор од патеката. Возачот на Хаас го обвини Латифи за инцидентот.
Тој се врати назад на патеката и не мислеше дека сум таму. Со овие болиди кога ќе се вози по трева на мокро веднаш завршувате во бариерите, Но мислам дека не беше свесен дека сум таму и очигледно беше возбуден да се врати на патеката – објасни никита.
Мазепин е задоволен што за прв пат заврши трка и извлече позитивни моменти.
Дефинитивно беше подобро од минатиот пат. Многу работи се случија во текот на трката, стартуваш на гуми за влажно и не очекуваш сонце на крајот. Многу работи се случија и доста научив од оваа трка.