Емотивниот Расел: Награда за три години напорна работа

Емотивниот Џорџ Расел конечно дојде до поени за својот Вилијамс и вели дека истите се награда за трите години напорна работа со тимот.

Тој и колегата Латифи ги испорачаа првите поени за екипата по Германското Гранд При во 2019 година кога Роберт Кубица, по елиминација на два болиди на Алфа Ромео, дојде до поени. Латифи заврши на 8мо место, Расел зад него, но по дисквалификацијата на Фетел, тие се официјално едно место погоре.

пресреќен сум и многу емотивен да бидам искрен затоа што многу ми значи денешниот резултат по три години напорна работа. можеби имавме среќа, но на моменти навистина немавме среќа низ годините и мислам дека целосно го заслужуваме ова – изјави расел.

Дефимитивно најчудниот момент на трката беше кога Луис Хамилтон сам стартуваше од гридот кога сите останати решија да променат одинтермеаи на гуми за суво, нешто што Расел вели дека било логична и лесна одлука.

мерцедес се најдоа во тешка ситуација затоа што се први во гаражата и ако влезе да променат, не можеа да бидат сигурни што ќе се случи понатаму. така, што и да одбереа, ќе изгубеа многу позиции.

Џорџ имаше дупната гума уште на почетокот на трката и загуби доста позиции по штоа преку радиото се јави до тимот барајќи да му кажат што да направи за да му помогне на Николас ЛАтифи.

за мене беше јасно затоа што знам колку поените се значајни и потребни во екипата. ни требаше само еден добар резултат на 23 трки, а николас имаше одлична шанса за топ 5 што ќе беше буквално крадење на 8то место во конструкторското првенство/

исто така знам колку наградниот фонд за секој поен и секо место му значи на тимот, видов дека имаме огромна можност и сакав да помогнам колку што можам.

На крајот двајцата воаи завршија во поени, а втората серија која ја одработи Расел смета дека му е најдобра во кариерата.

втората серија веројатно беше најдобра за мене во кариерата, многу добра. притискав многу силно, го држев даниел рикардо зад себе, а потоа и макс на крајот од трката, иао имаше штета, но успеа да намали 20 секунди од нашата предност откако беше 10 кругови зад мик шумахер.

фатнастична серија која ни донесе одличен пласман, пресреќен сум како за себе така и за николас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ