Според извештаите во мексиканските медиуми, таткото на Серхио Перез напорно работи за да се случи втора трка во Мексико од 2024 година.
Канкун е наведен како можна дестинација за Формула 1 за 2024 година. Намерата би била трката да биде дополнителна на сегашната трка на Автодромо Херманос Родригез во Мексико Сити.
Според мексиканското издание Реформа, Антонио Перез Гарибај, политичар и татко на Серхио Перез, се состанал со претседателот на ФИА, Жан Тод и Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, во Будимпешта, за да разговараат со инвеститорите за проектот “Канкун 2024“.
Имав разговори со луѓето од Формула 1 за да ја донесеме тркачката серија во Канкун – вели Перез Гарибај за Реформа.
Има група инвеститори заинтересирани да го оживеат проектот, а луѓето од Формула 1 беа многу заинтересирани и ние ќе ги започнеме разговорите.
Тоа е нов проект, не треба да правиме ништо со претходните проекти, тоа е нова група инвеститори и јас сум вклучен во проектот, нека е се за Мексико и се надевам дека датумот ќе биде Април 2024 година.
Перез Гарибај и неговата група инвеститори веќе се сретнаа со локалните владини претставници, наводно со поволни одговори. Според него, изградбата на тркачката патека во Канкун ќе трае околу две и пол години и дека повеќе детали се очекува да бидат објавени во Октомври кога Формула 1 ќе се врати во Мексико.
Се почнува од нула и ќе започнеме со писма за намера.
Но тоа беше многу добро прифатено, ми направија услуга да ме примат, Жан Тод и Стефано Доменикали. Дојдов во Будимпешта да го претставам овој проект и сега ќе се вратам во Мексико.
Ни рекоа: Се надеваме дека до 2024 година веќе ќе го имаме Чеко (Серхио Перез) како шампион во Формула 1 и ова ќе овозможи повеќе, ова отвора нова можност.