Луѓе од Ф1 вмешани во најновата афера за затајување данок

Луѓе од Формула 1 се дел од огромно протекување на податоци кои откриваат тајна во вид на сомнителни офшор малверзации со цел избегнување на данок од најбогатите луѓе во светот.

Аферата позната како Pandora Papers е најголемо протекување на податоци во историјата на финансисите, а канадските медиуми пренесоа дека Лоренс Строл, милијрдерот и сопственик на Астон Мартин е дел од аферата. Истото го велат и за светскиот Формула 1 првак од 1997 година, Жак Вилнев.

Канадските CBC и the Toronto Star весникот открија дека милијардерот Строл имал 15% учство во компанија од Британските Девствени Острови која се вика Superwit. Компанијата била менаџирана преку семејниот траст на семејството Строл кој се вика Polo Trust и е регистриран во друг даночен рај, Лихтенштајн.

Во врска со канаѓанецот Вилнев кој во моментов е коментатор на италијански Скај, тој поминувал плати и спонзорски договори преку офшор даночни раеви за да го намали издатокот кој требало да го плати на име на данок.

Шпанските La Sexta и весникот the El Pais открија дека поранешниот шеф на Рено и Бенетон, Флавио Бритаторе и Формула 1 супремото, Берни Еклстон, се дел од шемата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ