Строл: Ф1 си игра со оган во Белгија по смртта на младиот Дилано

Возачот на Астон Мартин смета дека треба да се направат промени по смртта на двајца млади возачи во период од пет години.

Ленс Строл мисли дека Спа Франкошамп си „игра со оган“ и повика да се направат промени на патеката по смртта на 18 годишниот Дилано ван т Хоф.

Возачот на Астон Мартин конкретно сака да види направени промени во делот на О’Руж и Радион на патеката откако таму го загуби животот Антоан Хуберт за време на трката во Формула 2 во 2019 година.

Ќе стигнеме таму за неколку недели и ужасно е тоа што се случи.

Сериозно треба да размислиме што правиме со тие свиоци бидејќи никогаш не е забавно да се поминува таму.

Спа потроши 80 милиони евра за безбедносно обновување во последниве години, кои вклучуваат промени на О’Руж, Радион и на почетокот на правецот Кемел.

Иако условите се разликуваа помеѓу двете фатални несреќи во помладите серии, Строл верува дека треба да се направи повеќе за да се подобри безбедноста на делницата.

Треба да направиме нешто или пак ќе си играме со оган за неколку недели. Не само ние, возачите од Ф2, возачите од Ф3, сите што минуваат низ тој свиок.

Дури и ако е суво и некој изгуби контрола над болидот, тоа е слеп свиок, удирате во ѕидот, се враќате на средината на патеката и друг болид доаѓа до вас со 300 км/ч и тоа е крај за вас.

Не е фер тоа што се случи, тој свиок треба да се анализира и да се промени. Загубивме двајца млади таленти во период од пет години.

Денеска изгубивме млад возач во Спа и моите мисли се со него и неговото семејство.

Да се губат животи во тој свиок, тоа треба да се промени. Тоа не е ниту тема на дискусија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ