Ботас: Патеката сега е една од оние со најмногу грип

Валтери Ботас од Мерцедес смета дека моменталниот Истанбул Парк спаѓа во редок на патеки со најголем грип од асфалтот по двее петочни тренинг сесии кои се одработеа.

Минатогодишното враќање на Турција во Формула 1 календарот беше на целосно нов асфалт поставен непосредно пред трката, истиот беше лизгав и необработен така што нема кој не се жалеше дека се мачи со контрола на болидот. Но, во пресрет на овогодинешното издание на трката, организаторите со водени топови го обработиле асфалтот, така што нивото на грип е огромно, а времињата се 5 секунди по круг побрзи од лани.

годинава е многу побрзо, мислам дека повеќе од 10 секунди побрзо од лани на првата тренинг сесија. сега има грип како што треба и мислам дека патеката стана една од оние со најголем грип на календарот, така што стана многу забавно.

споредено со лани, иамвме друг пристап на сетирање на болидот поради грипот и моравме да прилагодиме многу работи различно во текот на денот, но јас уживав во возењето.

втората сестија беше одлична, немавме големи проблеми и мислам дека за нас ќе биде одличен и силен викенд – најави ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ