Кога Розберг одлучил да се повлече ?

Нико Розберг конечно призна како ја донел одлуката да го напушти спортот само неколку дена по освојувањето на шампионската титула. 

Розберг го победи Луис Хамилтн и ја освои титулата по тешката борба со неговиот колега во 2016 година, а пет денаови подоцна објави дека оди во пензија. На само 31 година тоа беше гледано како предвремена одлука од неговите колеги, но сепак Розберг остана доследен. 

Одлучив да се пензионирам само што ја поминав финиш линијата. Тоа беше моментот.

Не бев сигурен дека можам да испорачувам со тој интензитет и си го исполнив сонот да станам шампион – откри нико.

Откако стана шампион, Розберг одбил голема сума пари бидејќи имаше сеуште валиден договор. 

Тоа беа околу 100 милиони фунти од кои се откажав затоа што се решив да го раскинам договорот.

Тој сеуште е единствениот кој успеал да го победи Хамилтон и кажа што жртвувал за да го победи ривалот. 

Пресвртен момент беше во Сузука каде заостанав две стотинки на квалификациите. Луис беше на пол и јас го победив.

Секој килограм носи три стотинки по круг и јас барав повеќе перформанси и Морав да се подготвам . Мислам дека Луис беше на пол, но јас го престасав и на трката имаше лош старт што за мене беше лесна победа. 

Розберг оддаде и мали тајни со кои се борел против Хамилтон

Мојата кацига беше црна бидејќи немаше боја која тежи 80 грама. Чорапите ми беа кратки за да заштедам 5 грама на секоја дури и ракавиците имаа помалку конец. Поминував два часа секој два дена на психолог за да учам. Тоа се малите работи кои ги жртвував за да направам разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ