Џорџ Расел го откри текот на својата кариера откако добил понуда од БМВ пред да потпише за јуниорската програма за Мерцедес.
Сега кога е веќе дел од сениорскиот фабрички тим на “сребрените стрели“, Расел отворено зборуваше за своите шанси на почетокот на кариерата кога се одлучил да вози Карлин и Фолксваген, а ги одбил Мерцедес.
По мојот состанок со Тото на почетокот на 2015 година, му пратив mail во кој му се заблагодарувам за советот, но му кажав дека ќе останам со Карлин и Фолксваген. Мислав дека доколку сум сеуште добар, Мерцедес ќе останат заинтересирани. ТОј ми одговри дека носам грешна одлука, но ќе останеме во контакт – откри расел.
Подоцна, повторно добил понуда од Мерцедес, но имал уште една од ривалскиот БМВ.
Тогаш тие ми појаснија, доколку потпишам со БМВ, нема да добијам нова понуда од Мерцедес и беа многу јасни. Имав понуда од БМВ да се тркам во ДТМ што беше втор најдобар шампионат по Формула 1. Имав 16 години и се работеше за многу пари. Се одлучив за Мерцедес бидејќи се работеше за Формула 1, а БМВ беше ДТМ. Морав да ризикувам.