Доменикали ќе разговара со возачите кој го бојкотираат Нетфликс

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ќе разговара со возачите кои се закануваат дека ќе ја бојкотираат популарната Drive to Survive серија на Нетфликс.

Се поголем број на возачи застануваат на страната на Макс Верстапен и не сакаат да даваат изјави пред камерите на најпопуларниот стриминг сервис на светот под изговор дека со едитирање се создава вештачка драма и лажни приказни. Сепак, Доменикали е свесен дека улогата на Нетфликс во се поголемата популарност на спортот е огромна и поради тоа сака сите да бидат вклучени во проектот.

треба да се разбере дека драматизацијата е дел од патот кој носи поголем интерес, но поради тоа мораме да дефинираме некои теми и граници. ако возач одбие да учествува затоа што не е прикажан како што сака, ќе разговараме со него конструктивно, да ни каже што бара и заеднички да се договориме.

менаџментот на нетфликс веќе има состаноци со екипите. ако сакаме да бидеме во тек со американскиот пазар, мораме да го зборуваме нивниот јазик, мораме да се прилагодиме. но тоа не мора да возменирува некого – изјави доменикали за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Италијанецот е воодушевен од се поголемата популарност на тркачката серија и во комбинација со новите правила се надева на привлекување на нови екипи и производители.

имаме многу барања за влез во спортот, да кажеме повеќе од едно, а помалку од осум. има онакви кои јавно кажаа дека сакаат да влезат, но има и онакви кои молчат.

од моја гледна точка, не сметам дека интересот за нови екипи и интересот за повеќе болиди на патеката ќе го подобро шоуто, секако, доколку не е некоја екипа која ќе донесе многу во спортот.

Веќе некое време се шпекулира дека Фолксваген Груп преку своите брендови Порше и Ауди сака влез во спортот како производител на мотори од 2026 година, иако официјална одлука сеуште нема.

Доменикали се чини дека не е многу загрижен за губењето на рускиот пазар.

кина е потенцијално гигантски пазар за нас, освен шангај имаме барање и за други трки таму. зандворт веќе е распродаден за следните три години, спа исто така, а хамитон со своите иницијативи носи дополнителна вредност.

секако дека некој е поважен од друг, но мораме да се осигураме дека возачите нема да станат политичари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ