Според холандски новинар, а и познатиот тркач Том Коронел, болидот на Ред Бул ќе загуби сериозна тежина во периодот кој следува.
Коронел е многу близок со семејството Верстапен и откри дека добил информација дека Ред Бул работат на намалување на тежината на својот болид.
тежината е се. чув од доверлив извор дека ред бул решиле 75% од проблемот со тежината минатите недели. од болидот биле отстранети околу 7 килограми преку подот и правење на некои други делови многу полесни – изјави коронел за холандски Algemeen Dagblad.
Тој проценува дека со 10 килограми помалку, Макс Верстапен ќе бил 2 десетинки по круг побрз околу Џеда на Саудиска Арабија.
50 кругови даваат 10 секунди, а тоа е веќе огромно време за формула 1 стандарди.