Нетфликс и Формула 1 најавија продолжување на серијалот Drive to Survive за уште две сезони.
Од појавувањето во 2019 година, Drive to Survive стана едно од омилените шоуа на Нетфликс и во моментов има четири сезони. Снимањето на петтата сезона ќе се случува оваа година и сега стигна официјална потврда за тоа.
Во меѓувреме Нетфликс ја најави и шестата сезона до 2024 година.
Формула 1 и Нетфликс потврдија дека популарната серија Drive to Survive е продолжена за петта и шеста сезона.
Серијата стекна огромна популарност и веќе ја видовме најголемата гледаност до сега. Со неверојатен пристап до забранетите делови на спортот, се гледа неверојатната борба и подготовките на тимовите за борбата во 2022 и 2023 година.