Себ откри кој бил негов најталентиран колега

Себастијан Фетел имаше фантастични тимски колега за време на својот престој во Формула 1, а посочи и кој негов колега најмногу го импресионирал.

Германецот откри дека Кими Раиконен бил најголем природен талент кој го видел во Формула 1 падокот. Четирикратниот првак се тркаше со многу возачи за време на своите 15 години во Формула 1 вклучително Михаел Шумахер и Луис Хамилтон.

Себ смета дека Раиконен, со кого возеше во тандем во Ферари од 2015 до 2018 година го импресионирал најмногу.

мислам дека кими го има најголемиот природен талент кој сум го видел. во однос на чиста брзина може веднаш да покаже во било каков вид на автомобил во кој ќе седне. ако постои дисциплина со менување автомобил секој ден, по 10 денови кими ќе биде круг пред сите, тоа е природен талент.

не му треба време да се адаптира на автомобил и барањата на истиот му давате волан и знае што треба да направи. понекогаш чувствувате дека некако не е фер, но се навикнувате на неговата способност, едноставно се му доаѓа само од себе – откри фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ