Карлос Саинз изјави дека во последната сезона оваа година добил многу информации кои ги надминале тие од својата прва деби сезона во 2015 година.
Шпанецот имаше тежок почеток годинава и не можеше да му парира на својот колега. Како што течеше сезоната, тој беше се подобар и стигна до една победа на Британското Гранд При.
Оваа година научив најмногу во мојата кариера, повеќе од 2015 година кога беше моја прва година во Формула 1.
сезонава беше потешка и мислам дека научив многу повеќе од првата сезона во која морав да го учам болидот и сите работи околу него. направив голем чекор во однос на моите можности и развој. Продолжувам да напредувам. Останувам оптимист за наредната сезона – посочи карлос.
Ферари го продолжи договорот на Саинз до крајот на 2024 година.