Ауди се уште не разговара со Шумахер

Ауди ги отфрлија гласините дека веќе разговараат за договор со Мик Шумахер околу возачко место штом германците и официјално станат дел од Формула 1. 

Во последните денови се појавија гласини дека Ауди сака германски возач зад воланот откако веќе купија малцински удел во Заубер, а официјално ќе влезат во Ф1 од 2026 година.  Единствениот германски возач на гридот е 35-годишниот Нико Хулкенберг, кој се враќа во Формула 1 по тригодишна пауза. 

Но, втора опција е Мик Шумахер кој всушност беше заменет со Хулкенберг во Хаас. Тој во моментов е официјална резерва на Мерцедес. 

Секако дека германците се атрактивни за нас, Но тоа не е најважно. Разговараме со повеќе менаџери, возачи и шефови на тимови. Немаме конкретни договори и разговори со Шумахер бидејќи е прерано – изјави Дузман од Ауди. 

Тој смета дека Ауди се многу сериозни со својот проект. 

Не ја сфаќаме Формула 1 како забава туку Сакаме да покажеме дека може да го направиме тоа. сакаме да победиме во секоја тркачка серија и до сега успевавме во тоа.

Имаме план да останеме долго во Формула 1. Тимовите кои се таму имаат предност. Ќе ни бидат потребни две-три години за да стигнеме до предниот ред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ