Јос Верстапен: Перез знае дека нема често да победува

Јос Верстапен изјави дека Серхио Перез е свесен дека со Макс Верстапен како свој колега во Ред Бул, шансите за победа му се многу мали и мора да искористи било каква можност.

Чеко стигна до својата 5га победа во кариерата минатиот викенд во Џеда кога одработи безгрешно од почетокот до крајот на Гранд При настанот низ уличната патека. Не е спорно дека патот до победата му беше олеснет од лошите квалификации и стартот од 15то место на неговиот колега, но исто така не е спорно и дека штом Макс дојде на 2ро место, не најде начин да се доближи до мексиканецот и да го нападне.

секако дека ситесакаме да победиме, но тоа не беше опција за макс денеска, предноста која ја имаше беше премала. перез не добива шанса за победа многу често и кога ќе добие сака да ја искористи – појасни верстапен посариот за Formule1.nl.

Јос е сигурен дека трката ќе била многу понаква доколку неговиот син немал проблем со преносот за време на квалификациите.

ние бевме разочарани на квалификациите, немавме среќа, но нема да навлегувам во деали. да не беше така, макс лесно ќе дојеше до пол позиција и трката ќе му беше полесна.

тешко е да се напредува на оваа патека, има долги кривини, тешко се прави разлика, а на макс му требаат тешки патеки за возење и повеќе кривини.

Тој се согласува дека претсои сезона на доминација на Ред Бул во тркачката серија.

изгледа дека ќе доминираме затоа што имаме многу брз болид. видовме колку лесно им побегнавме на останатите, секунда по круг бевме побрзи од било кој и не мислам дека некој може да надомести, но и тимот не седи мирен туку носи новини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ