Џорџ Расел е разочаран од одлуката на ФИА за кратење на главната ДРС зона во Баку без било какво прашање до возачите.
Како и минатата година и оваа на патеката ќе има две ДРС зони. Првата зона е помеѓу свиокот 2 и 3 додека последната е на главниот правец и е скратена за 100 метри. Промената доаѓа за престасувањето да не биде толку лесно на правецот.
Мислам дека престасувањето е потешко од минатата година. МИслам дека болидите еволуираа и тоа стана потешко. Сега се крати и ДРС зоната без возачите да бидат прашани. Разочаран сум што не бевме вклучени. Сигурен сум дека ФИА не се свесни дека престасувањето е потешко И тоа го променија во овој викенд – незадоволен е еден од директорите на гпда.
Расел изјави дека одлуката била донесена по брифингот со Нилс Витич.
Се работи за 100 метри и нема да се промени многу, Но насоката е погрешна. Мораше да се разговара за ова и било каква одлука мора да има наш одговор. Тоа е процес на кој мора да се работи заедно за доброто на спортот. Тие не се глупави и се трудат да си ја работат најдобро работата.