Американската Формула 1 екипа Хаас ги претекна сите откако денеска објави фотографии од својот болид за 2018 година, воедно и прв официјален болид опремен со хало. И готинава пакетот ќе биде придвижуван од мотор на Ферари, а највоочливо е отсуството на опашката која многумина сметаа дека го нагрдува болидот.
Тимскиот шеф, Гунтер Стаинер, изјави дека болидот е логичен напредок, а не револуција.
Најголема промена кај болидот е присуството на хало. Требаше добро да се преправи аеродинамиката, дизајнерите напорно работеа за модификација на шасијата со цел хало-то да биде во можност да ги истрпи предвидентие тежини.
Вкупната тежина на болидот се зголеми токму поради халото, а исто промена има и кај центарот за гравитација токму поради поставеноста на халото. Но, сите екипи го имаат истиот проблем.
Правилата останаа стабилни од лани до сега, така што ВФ-18 е еволуција од нашиот лански болид, помалку измислување, повеќе рафинирање. Елементите од лани може да се видат и оваа година на болидот – објасни Стаинер.
Американците се надеваат на подобро користење на потенцијалот на болидот сезонава, а главен предизвик е подоброто користење на пневматиците.
Нашиот лански болид беше доста добар, но не успевавме секогаш да го извадиме најдоброто од него, а тоа е главна цел со новиот болид. Создадовме колку што може полесен болид за да можеме добро да го избалансираме. Направивме подобра работа со распоредување на тежината според нашите желби.
Bigger. Better. Faster. Lighter.
Introducing, the #VF18. pic.twitter.com/sMhqW8WpQ8
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) February 14, 2018