Татиана Калдерон е можеби најдобриот женски возач моментално и е ангажирана во ГП3 серијата. Таа извозе 23 кругови позади воланот на Заубер во Мексико што е нејзино прво Формула 1 искуство.
Калдерот возеше на патеката Херманос Родригез како дел од промотивниот настан и ден за снимање на кој дозволен максимум е 100 километри со посебно дизајнирани гуми. Заубер остана во Мексико да го комплетира тестот за Пирели, а развојниот дел му беше доделен на Антонио Џовинаци, кој следната година ќе вози за екипата.
Возењето на Заубер беше одлично искуство. Силата, кочењето и грипот на болидот е неверојатно и беше доста удобно. По неколку кругови се навикнуваш на патеката и на брзината. Би сакала да се заблагодарам на Заубер, Екскудериа Телмекс, Телцел, Инфинитум и Кларо. Ова ми е ден за паметење – видно беше возбудена Калдерон по крајот на сесијата.
Хеви Пујолар кој е одговорен во Заубер за инженеринг на патеката е импресиониран од начинот на кој Калдерон го одработи промотивниот настан.
Таа извозе одлично со оглед на тоа што е прв пат во Формула 1 болид. Среќен сум што извозе одлично и покажа дека е посветена на работата. Овој настан е позитивен чекор за спортот и со нетрпение чекаме таа да напредува.
Калдерон работи со Заубер веќе две години како развоен возач а веќе учествувала на некои настани со тимот и возела во симулаторот.