Академијата Заубер го објави списокот на млади возачи

Ѕвездата на Формула 2, Тео Пурчер, е најзначајно име вклучено во списокот на возачи на Академијата на Заубер за претстојната година.

Пурчер е постојано присутен во Академијата на швајцарската групација откако истата беше започната во 2020 година, со севкупна цел да ги негува младите возачи низ помладите категории на патот кон Формула 1.

Следејќи го своето деби во Формула 1 со тренинзите на Гранд При на Соединетите Американски Држави минатата година, Пурчер одтогаш беше промовиран во составот на Алфа Ромео за да стане резервен возач на тимот за целата сезона во 2023 година.

Францускиот возач ќе ја извршува својата нова улога заедно со редовните тркачки должности во Формула 2 шампионатот, бидејќи има за цел да ја освои титулата во својата трета сезона, откако пропушти во битката со Фелипе Другович минатата година.

Да се биде дел од Академијата Заубер е огромна можност за мене, и јас сум благодарен за тоа – призна Порчер.

Не би бил таму каде што сум сега и немаше да ги имам шансите што ми беа дадени без нивната поддршка. Се чувствувам дел од големо семејство и одличен тим, што ми дава дополнителен притисок да ги постигнам најдобрите можни резултати.

Оваа година ќе биде напорна, ќе го поделам времето помеѓу Формула 2 и должностите на резервен возач, но јас сум подготвен и мотивиран за предизвикот – посочи Пурчер.

Пурчер моментално го држи рекордот како најмлад победник на трки и во сериите Формула 3 и Формула 2 и е еден од четворицата возачи пријавени во Академијата Заубер оваа година, вклучувајќи ги Маркус Аманд и Лена Булер, кои ќе дебитираат во новоформираната серија на Академијата.

Во меѓувреме, германскиот талент за картинг, Тејм Салех, е другото име што беше избрано заедно со тоа трио да го претставува тимот со седиште во Хинвил во 2023 година. Нивниот напредок во текот на целата година ќе го надгледува спортскиот директор на Заубер Моторспорт, Бит Зендер.

Откривањето и негувањето на млади таленти секогаш било во центарот на филозофијата на Заубер Моторспорт, со крајна цел да се изградат шампионите на иднината – рече Зендер.

Списокот на Академијата на Заубер за 2023 година е многу ветувачки и со нетрпение очекувам да работам со секој од возачите. Растот и развојот на Тео откако тој се приклучи се извор на голема гордост за нас, вклучително и неговата промоција да биде еден од официјалните резервни возачи на нашиот Формула 1 тим.

Исто така, со задоволство ги пречекуваме Лена, Маркус и Тејм во Академијата.

Ние ќе бидеме покрај нив во следните чекори од нивната кариера, обезбедувајќи им алатки, образование и ресурси потребни за успех во светот на мотоспортот. Едвај чекаме да започнеме и заедно да го отклучиме нивниот потенцијал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ