Ред Бул: Маси е одлична замена на Вајтинг

Иако се чини дека директорот за трка, Мајкл Маси, ќе ја напушти својата позиција, Џонатан Витли, спортскиот шеф на Ред Бул, застана во негова одбрана.

Маси беше критикуван за неговите одлуки од крајот на последната трка што му ја донесе титулата на Макс Верстапен. Мерцедес беа лути на тоа што го направи Маси и бараа од ФИА да направат комисија која ќе ги истражи настаните од Абу Даби.

Чарли почина во 2019 година и ФИА не брзаа да најдат некој кој ќе го замени. Мислам дека Мајкл, со вистинската подршка е способен да го замени. Тој е навистина фин човек и секогаш не ислушува и се труди да е најдобар што може – посочи витли.

Назначувањето на директор на трка се размислува заедно со забрана за емитување во етер на радио пораки помеѓу директорот на трка и тимовите. До сега, милиони гледачи можеа да ги слушнат расправиите помеѓу Маси и останатите шефови на тимови, но Витли смета дека тоа треба да се забрани. 

Лично мислам дека е грешка да одат во етер. Тимовите го подржуваат Мајкл бидејќи ни помага. Тој работи со нас и тоа се пропаѓа кога оди во етер. Имаше фрустрирачки ситуации и кажувавме работи што не треба да се слушнат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ