ОФИЦИЈАЛНО: MoneyGram Хаас Ф1 ги претстави новите шари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Американскиот тим на Хаас Ф1 е првата екипа во 2023 година која ги претстави своите нови шари и очекувано новиот главен спонзор MoneyGram имал голем удел во конечниот изглед.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Предсезоната на Формула 1 традиционално започнува со нетрпеливи фанови и аналитичари кои одвај чекаат да ги видат новите болиди, да ги анализираат дизајните, да откријат кој копирал идеи од својот ривал, но и да го изберат својот миленик во однос на шарите на болидот.

Ова е вторпат од дебито на Хаас во Формула 1 во 2016 година екипата да има главен спонзор, откако претходно болидот беше целосно црн со златни детали по скандалозното партнерство со Рич Енерџи кое заврши неславно во 2019 година.

На новиот болид доминира црната боја, како замена за доминантно сивата во минатото и секако брендот на MoneyGram. Историски гледано, шарата е повторно конзервативна и мора да се спомене дека некои графички дизајнери ширум светот споделија многу поатрактивни концепти.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сепак, вака ќе изгледа новиот болид на Хаас Ф1 во 2023 година.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ