PSS Технички преглед: Мекларен ги копира Мерцедес за да напредува

Мекларен донесоа мали надградби за Француското Гранд При во обид да ги надминат Ферари во борбата за третото место. 

Првата промена на болидот е во предниот дел каде на шасијата се ставени таканаречените рогови кои повеќето тимови ги имаат веќе некое време. Тие што ги стави Мекларен се слични на тие на Мерцедес и се едноделни за разлика од тие на Ферари и Алфа Ромео. 

Мекларен добро се справува со ладењето на својот мотор и има помали отвори во задниот дел за да добие поголема аеродинамика. За да се справи со ова Мекларен отворија странични панели околу кокпитот зад возачот за да се подобри ладењето и може да се видат само на левата страна. 

На задното крило има голема разлика и тоа на страничните делови од крилото има мали водилки за насочување на воздухот. 

Ферари донесе ново предно крило каде е раширен аголот за да се измени изгледот, брзината и насокот на воздушните струења. Ова му овозможи на тимот да го подобри балансот на предниот дел. 

Мерцедес направија измена на воланот по грешката кога Хамилтон стисна погрешно копче. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ