PSS Технички преглед: Пирели ги истражува вибрациите во задното тркало на Хамилтон

Пирели ги истражува вибрациите од задната гума на болидот на Луис Хамилтон за време на последната трка на Имола и ја откриле причината за откажувањето на пневматикот на Макс Верстапен.

Заднот одесно тркало на Верстапен пукна на 12 кругови пред крајот на Емилија Ромања Гранд При трката пред две недели по што тој мораше да се откаже. Но, тој не беше единствен кој се мачеше со гумите затоа што и Луис морал да менаџира со чудните вибрации од хард компонентата во задниот дел од болидот.

За време на безбедносното возило пред крајот на трката, Хамилтон промени на софт по што вибрациите исчезнале.

Италијанците направиле анализа на гумата на Макс која имала исекотни, а проблемот на Хамилтон се истражува и истиот не е идентичен со оној кај Ред Бул.

се почна со мали вибрации и одлучивме да го внесеме болидот по нови гуми за да не ризикуваме. се работи за нешто што сеуште не е целосно јасно, гумата немаше оштетувања и беше пратена во милано на анализа, а резултатите сеуште ги чекаме – откри волф.

можам да потврдам дека ја анализираме гумата заедно со екипата. наодите ќе бидат споделени со нив, но како што рече тото, немаше губиток на притисок, туку само вибрации кои стануваа се посилни и поради тоа ја истражуваме самата конструкција – дополни исола.

Истрагата на гумата н Верстапен покажала серија од мали расекотини што значело дека пневматикот не може да се носи со притисокот и товарот по што настанало екслозија на гумата.

најдовме некои исекотини на површината од гумата и на страничните ѕидови од надворешниот и внатрешниот дел. веруваме дека тие се причина за откажувањето затоа што беше оштетен центарот на самат гума кој направил проблем и на страничните ѕидови и површини кои почнале да се одлепуваат од конструкцијата.

во одерено ниво кога коснтрукцијата не можела да го издржи товарот, гумата одеднаш се издиша, екслодираше, нешто што се виде на телевизискиот пренос.

ја споделивме анализата со фиа и екипата и тоа е доказот што за сега го имаме. јасно е дека е тешко да се анализира гума на парчиња, но веднаш ја вративме од имола во нашата лабораторија во милано – дополни исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ