Абитебул бил гостин на Ред Бул во Абу Даби

Последната личност која би ја очекувале во гаражата на Ред Бул е Сирил Абитебул, но и тоа се случи на последната трка од сезоната. 

Поранешниот шеф на Рено и покрај конфликтите со Кристијан Хорнер се најде во гаражата на Ред Бул на последната трка во Абу Даби. Французинот по заминувањето од Рено Спорт Ф1 се држи настрана од врвната моторспорт тркачка серија и последен пат се појави во Ноември кога се тетовираше со Даниел Рикардо. 

Морам да признаам дека бев во Ред Бул. Признавам дека бев забележан таму. Работев со доста луѓе од Ред Бул. Тоа е организација која кога работи да има добри резултати. Тоа ни недостасуваше во Рено, да победиме по секоја цена – изјави сирил запрашан за неговото присуство во падокот на јас марина.

Абитебул изјави дека бил среќен што видел дека Ред Бул успеале да стигнат до титулата и да ја срушат доминацијата на Мерцедес. 

Стратешките одлуки на Марко, Макс и Хонда се исплатеа на крајот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ