Абитебул дециден: Ние сме против изедначување на моторите

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, откри дека францускиот производител нема да прифати предлог за конвергенција, односно механизам за изедначување на силината на моторите по планираното замрзнување на развојто од 2022 година.

Ред Бул го стави прашањето околу замрзнување на равојот на моторите “на маса“ откако откри дека сака да ја купи Интелектуалната сопственост на Хонда за да се трка со тие мотори, секако дококлу развој не постои. Мерцедес нема ништо против замрзнување, Ферари се противеа, но се согласија, а и Рено омекнуваат иако се против конвергенцијата.

 имавме состанок на кој сите го кажавме својот став, а ние не сме го промениле. има правила на сила, подготвени сме на компромис особено околу замрзнувањето на развојот на моторите затоа што перформансите се изедначуваат и дополнително трошење е неразумно.

но, нема да се вратиме во минатото и да ја заборавиме традицијата на формула 1 од 70 години тркање, развој и перформанси. за нас перформансите на моторот е тоа што праави разлика во формула 1 и јасно кажуваме дека таму нема да попуштиме – потенцираше абитебул за британски Sky Sports F1.

Поради тоа, Сирил смета дека доставувањето на мотори во Формула 1 сериозна работа особено откако Ред Бул се заканија дека ако не се замрзне развојот за да можат да користат мотори на Хонда, ќе се откажат од спортот. Ред Бул прекинаа долгогодишна соработка со Рено во 2018 година за да започнат да соработуваат со Хонда, а “разводот“ беше полн со препукувања преку медиумите.

постои решение согласно правилата, ние никогаш не велиме никогаш и секогаш ќе работиме согласно правилата, ако имаме некаква обврска, со сигурност ќе ја исполниме.

ако ред бул сака да се продолжи да се трка со моторот на хонда, им посакуваме се најдобро, но не треба да прават ништо повеќе од тоа.

ако сакаат да напишеме нови правила се со цел ред бул да има најдобар мотор, то е нешто целосно различно, но не е така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ