Абитебул за кладбата со Рикардо: Јас сум човек од збор

Поранешниот шеф на фабричкиот тим на Рено, французинот Сирил Абитебул, потврди дека нема да се “пишмани“ од облогот за тетовирање кој лани го имаше со својот возач, иако најави дека ќе побра некои промени на дизајнот на Дани.

Двајцата се обложија дека дококлу австралијанецот стигне до подиум за тимот, што патем го направи два пати, Рикардо ќе дизајнира тетоважа, а Сирил ќе го одбере местото каде двајцата ќе ја аплицираат. Дани неделава откри дека дизајнот е готов, така што на потег е Абитебул.

она што јас го сакам е традиционална тетоважа, пар дланки или пак дланки кои се договараат како знак за облогот кој го направивме, тоа е традиционалниот дел. но, моја визија е да има и лик на дабар кој по малку ѕирка, само за го потсетува на мене – откри рикардо.

Абитебул замина од Рено на крајот на минатата година, а во моментов нема Формула 1 ангажман, но потврди дека ќе го исполни својот дел од облогот, иако би сакал да разговара со Рикардо околу дизајнот.

јас сум човек од збор и подготвен за тетовирање. сеуште треба да ја одберам големината и локацијата, но штом престанат рестрикциите ќе биде и тоа. облог е облог, единствено сакам да го видам дизајнот и да се намали големината ако може.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ