Арогантниот менаџмент е главниот виновник за распадот во Алпин

Откако Отмар Шафнауер и Алан Пермејн го напуштија Алпин по Големата Награда на Белгија, менаџментот на францускиот тим наиде на критики.

Двајца поранешни менаџери на високи функции на Алпин се приклучија на огромниот бројт критики за операциите на францускиот тим, откако тимскиот шеф Отмар Шафнауер и спортскиот директор Алан Пермејн го напуштија тимот по Белгиското ГП.

Сирил Абитебул служеше како тимски шеф на тогашниот тим на Рено од 2017 до 2020 година, заминувајќи непосредно пред да биде ребрендиран во Алпин.

Французинот, кој сега ја предводи програмата за моторспорт на Хјундаи, рече дека Алпин биле премногу нетрпеливи со Шафнауер, кој му се приклуч на тимот само пред околу 18 месеци, и додаде дека постои ароганција во тимот што придонесла да бидат поразени оваа година од Мекларен и Астон Мартин.

Тоа веројатно покажува нетрпеливост и незадоволство од менаџментот од резултатите – изјави Абитебул.

И веројатно имаше некоја ароганција на почетокот на сезоната. Ако не сакате да ја признаете реалноста, тогаш ќе продолжите да сонувате слики пред себе, и тоа се случи сега.

Тие не го постигнаа истиот голем напредок како конкурентите Мекларен и Астон Мартин.

Поранешниот извршен шеф на Алпин, Марцин Будковски, кој го напушти тимот непосредно пред доаѓањето на Шафнауер во Јануари 2022 година, рече дека има недостиг од ефективно лидерство во Алпин.

Тимот заслужува подобро, подобри резултати, но дефинитивно подобар менаџмент – изјави Будковски.

Проблемот со Рено отсекогаш бил што има големи планови, но не инвестира доволно пари во тие планови.

Секоја година се зголемуваат очекувањата, но финансиските средства остануваат исти, но тоа е нешто што управниот одбор не сака да го слушне.

Отмар знае што прави, знае колку е тешко да се стане успешен и колку пари се вклучени. Мислам дека Рено не го ценеше тој увид.

Коментарите на Абитебул и Будковски ги поддржуваат изјавите на Ален Прост, кој го нарече Лоран Роси „неспособен“ по заминувањето на поранешниот извршен директор на Алпин една недела пред Шафнауер и Пермејн.

Роси е најдобриот пример за ефектот Данинг-Кругер, оној на неспособен лидер кој мисли дека може да ја надмине својата неспособност со својата ароганција и недостаток на хуманост кон своите луѓе – изјави Прост.

Четирикратниот светски шампион служеше како неизвршен директор во Алпин, но го напушти тимот пред сезоната во 2022 година, тврдејќи дека имало недостаток на почит кон него и дека Роси сакал да биде во центарот на вниманието.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ