Абитебул негира средба помеѓу Ред Бул и Рено за мотор

Сирил Абитебул вели дека средбата помеѓу новиот Главен извршен директор на Рено, Лука де Мео и Ред Бул била неутрална, а дискусија околу моторот воопшто не била дел од истата.

Ред Бул ги разгледува своите опции за 2022 година откако Хонда објави дека заминува од Формула 1 на крајот на следната. Иако има шпекулации дека Ред Бул би можеле да продолжат со Хонда преку превземање на нивниот дизајн со ребрендиран мотор, тие исто така се претпоставува дека разгледуваат опции кај останатите снабдувачи на мотори.

Мерцедес веќе кажа НЕ, додека Ферари и Рено се отворени кон идејата. Кристијан Хорнер и Хелмут Марко се состанаа со новиот извршен директор на Рено, Лука де Мео на Ајфелското Гранд При, што доведе до можно враќање кон мотор на Рено. Абитебул сепак ги појасни нештата.

Морам да кажам дека тоа беше неутрален состанок, беше начин да се запознаат едни со други бидејќи нашиот нов извршен директор, Лука де Мео, од скоро се приклучи на Рено. 

Ова беше нивен прв состанок. Тоа беше начина да се запознаат, а Лука де Мео сака да се запознае со луѓето во падокот.

Мислам дека тие веќе имаат план за 2022 година. Не можам да замислам дека Ред Бул не би имале план во позадина. Очигледно се свесни за тоа, а Хелмут и Кристијан имаат полни раце планови и решенија. Не очекувам дека ние ќе бидеме нивниот План А – изјави сирил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ