Австралија, Т1: Верстапен најбрз по првите 60 минути

Макс Верстапен и Ред Бул продолжија онаму каде што застанаа на претходниот настан, на врвот од поредокот.

Холанѓанецот постави најбрзо време по првите 60 минути возење на Алберт Парк и беше единствен кој комплетираше круг побрзо од 1 минута и 19 секунди. Второ време имаше седукратниот првак Хамилтон, но тој заостана над 4 десетинки, додека Чеко Перез беше 3ти со половина секунда заостаток зад колегата.

Фернандо Алонсо заостана дополнителни 2 стотинки зад мексиканецот за 4то време, а Шарл Леклер и Ферари беа 5ти со нешто помалку од 6 десетинки зад најбрзото време. Карлос Саинз беше зад Леклер со 13 стотинки побавен круг, додека Ландо Норис беше 7ми. Во топ 10 имаше место уште за Пјер Гасли, Ландо Норис и Ленс Строл, додека 11от Алекс Албон имаше идентично време со Строл.

Кевин Магнусен имаше проблеми и најбавно време, единствен со над 2 секунди заостаток во однос на Верстапен.

Во однос на бројот на круговите, најактивен беше Ник де Врис со 25 обиколки, а најмалку возеше неговиот колега Јуки Тсунода, само 14 кругови.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ