Австрија, Т1: Мерцедес далеку пред сите, Ферари едвај во топ 10

Мерцедес се далеку пред конкуренцијата по првите 90 минути кружење по Ред Бул Ринг, откако Луис Хамилтон постави најбрзо време и единствено под 1 минута и 5 секунди,  неговиот колега заостана 35 стотинки.

Следуваше Ред Бул со Макс Верстапен, но тие заостанаа 6 десетинки зад актуелниот првак. Саинз и Мекларен одработија одлично и заостанаа само десетинка зад холанѓанецот, додека 6то време имаше Чеко Перез со нецели 7 десетинки зад Мерцедес. Потоа следуваа Норис и Албон кои беа последни во иста секунда со најбрзиот.

Даниел Рикардо од Рено беѓе 8ми, Кевин Магнусен од Хаас беше 9ти, а Ферари со Шарл Леклер беше разочарувачки на 10то место со 1,1 секунда зад Хамилтон.

Вилијамс беа 17ти и 18ти, а зад нив беше еден Хаас и еден АлфаТаури, но Роман Гросжан и Даниил Квјат имаа проблеми.

Луис Хамилтон беше најдобар и по бројот на кругови откако комплетираше дури 42, еден повеќе од Карлос Саинз, додека Гросжан имаше само 6 обиколки без конкурентно време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ