Аиткен и Вилијамс се разделија

Долгогодишниот член на подмладокот на Вилијамс, Џек Аиткен, потврди дека тој и тимот повеќе нема да соработуваат од почетокот на сезоната, а тој ќе ја продолжи својата карриера во трки со спортски автомобили.

Тој три години беше резерва во тимот, а дебитираше и на трка во 2020 година на Шакир, менувајќи го Џорџ Расел кој тогаш го менуваше Луис Хамилтон во Мерцедес поради Ковид-19.

заедно решивме да се разделиме. јас не бев нивна резерва лани, но работев со нив и им помагав, што беше одлично. ми се допаѓа тимот, живеам на половина час од нивната фабрика и ми одговараше да одработувам во симулаторот за нив и да посетам некои трки.

но, мојот календар стана се позафатен и сакам да се фокусирам на сопствената тркачка програма односно на спортските автомобили. тие ми дадоа поддршка за тоа, а во исто време, имаат млади момци кои доаѓаат преку нивната академија кои може да ме заменат и да и помагаат. јас сакам да им отстапам место и на нив, тоа ми е логично – посочи аиткен.

27-годишниот возач не жали што не успеал во својата цел да стане Формула 1 возач и е насочен кон својата кариера во врвните трки со спортски автомобили.

беше убаво да се работи и да се брка формула 1 кариера, ужива во тоа. бев еден од среќните што проба да се трка на гранд при викенд, иако тоа не беше она на што целев, но барем пробав да се тркам и пробав да стнам редовен гранд при возач. од некоја причина, едноставно, спортските едноседи не беа судени за мене.

среќен сум со она шт ого работам во моментов трјакќи се со спортски автомобили и возбуден сум да видам каде тоа ќе ме однесе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ