Аиткен мора да се навикне на сложените Ф1 болиди

Џек Аиткен започна да учи на Шакирското Гранд При, но ќе мора да го навикне својот мозок на комплексниот Формула 1 болид. 

Резервата на Вилијамс, Аиткен, беше повикан да го замени Џорџ Расел кој беше позајмен на Мерцедес на местото на Луис Хамилтон. Британецот со корејско потекло веќе има тестирано Вилијамс, но нема толку големо познавање на тоа што се случува во трката и мораше брзо да се навикнува. 

Има многу работи на кои треба да си подготвен во текот на викендот откако ќе извозиш неколку денови во симулатор. На првата сесија ги дознав основите на болидот и процесите, Но има работи кои не се учат и сабота и недела и беа дел од учењето да се припремам за трката. Научив многу овие два дена за сценаријата и мора да се навикнам на сложените болиди и да извлечам максимум – дециден е аиткен.

Џек заврши на 16та позиција откако мораше непланирано да влзе во бокс поради тоа што го искрши предното крило при едно извртување. 

Премногу форсирав, Мораше малку да отстапам и тоа ми врати. Му се извинувам на целиот тим за тоа. Навистина беше срамно по толку добри моменти овој викенд. 

Оваа случка на Аиткен донесе безбедносно возило на патеката за маршалите да може да ги соберат деловите од болидот. Токму во овој дел се случи проблемот на Расел кој му ја одзема победата. 

Навистина ми е жал за Расел како колега и пријател. Имаше огромна шанса, Но не мислам дека јас сум виновен за тоа. Ова се трки и се случува тоа. Ова се поврзани настани. Мерцедес направија голема грешка, но и јас имам мал удел во се ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ