Ако Луис прифати, зошто Себ да не дојде во Мерцедес, прашува Сурер

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, Марк Сурер, прокоментира около изводливоста на трансферот на Себастијан Фетел во Мерцедес како колега на Луис Хамилтон за слеедната сезона.

Договорот на четирикратниот првак со Ферари истекува на крајот на оваа година, а гласини дека ќе ја напушти екипата има постојано. Неодамна самиот тој спомна дека вообичаено добива тригодишни договори, а италијанските медиуми пренесуа дека одбил понуда за едногодишно продолжување на соработката од Маранело.

Доколку Себ и Скудерија не се договорат, Сурер би сакал да го види Фетел како замена за Валтери Ботас во Мерцедес откако е јасно дека и договорот на финецот истекува на крајот од сезонава.

доколку луис хамилтон го прифати како колега, зошто да не би завршил во мерцедес, би било фантастично. кога нико розберг се повлече од формула 1, тоа беше лоша вест за мерцедес како германска екипа.

ферари точно знаат каде сакаат да се движат и во моментов имаат предност во преговорите со него. фетел во моментов има многу богат договор со ферари и јасно е дека ќе мора да се солгаси на помала плата. не се работи на недостаток на ценење од страна на тимот, туку едноставно за превземање на ризик – смета сурер.

Доколку Себастијан не се договори со Ферари, Сурер не смета дека германецот би се префрлил во Мекларен.

ако сака повторно да победува и да биде повторно шампион, не би отишол во мекларен. таму ќе му треба премногу време за да стигне до целта особено што новите правила се одложија. мекларен ќе напредува со мотор на мерцедес, не немада се бори за победи догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ