Акура наместо Хонда на болидот на Ред Бул во Америка

Брендот Акура ќе се појави на Ред Бул болидите и облеката на возачите овој викенд во Остин, наместо традиционалното брендирање од Хонда. 

Јапонците се подготвуваат да ја напуштат Формула 1 како производител на мотори на крајот на годината и планираат да направат уште еден маркетинг потег на последното патување во Америка. 

Логото на Хонда ќе остане на болидот и на облеката, но главно ќе доминира брендот Акура, кој е силно застапен во Соединетит Американски Држави.

Акура е во Америка и Канада уште од 1986 година како луксузен бренд на Хонда кој треба да се натпреварува со Ауди, БМВ, Мерцедес и Јагуар. 

Ова не е прв пат на Акура да се појави во Формула 1. Аиртон Сена и Алан Прост го носеа на својот визир на кацигата кон крајот на 1980-тите возејќи со доминантните Хонда мотори. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ