Албон на листата на Нисан за Формула Е

Нисан потврдија дека размислуваат за Алекс Албон да биде нивен возач во електричнат Формула Е тркачка серија. 

Нисан во моментов го има поранешниот шампион Себастијан Буеми и Оливер Роуланд, но британецот ќе го напушти тимот по последните трки наредниот месец во Берлин.  Албон претходно имаше потпишано со Нисан, но одлучи да ја прифати понудата на Хелмут Марко и да се приклучи на Торо Росо во Формула 1. 

Очигледно Албон е еден од оние со кои контактираме и сметаме на нив. Блиски сме со него и можно е тој да биде избраниот, Но има и други бидејќи знаеме што е приоритет за Алекс – велат од јапонскиот производител,

Албон, кој во моментов е резервен возач на Ред Бул и се натпреварува во ДТМ на некои трки, останува фокусиран на Формула 1 и бара своја шанса. Дали ќе се врати во Формула 1 или ќе продолжи во Формула Е ќе се знае наскоро. 

Одлуката ќе се донесе од август до ноември и милсма дека тоа е во ред. Има и други серии како Формула Е и Индикар но мора да ги разгледам сите опции. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ