В. Британија Т3: Леклер и Албон најбрзи во променливи услови

Шарл Леклер го заврши последниот тренинг за Големата Награда на Британија како најбрз додека прогнозираниот дожд ја погоди патеката Силверстон.

Возачот на Ферари постави најбрз круг од 1:27.419 во воведниот половина час и заврши 0.173 секунди пред Алекс Албон од Вилијамс, кој го продолжи одличниот старт на тимот до викендот.

Фернандо Алонсо беше трет најбрз за Астон Мартин пред болидот на Алпин на Пјер Гасли и Луис Хамилтон од Мерцедес, кој го заоркужи топ 5.

Карлос Саинз беше шести во второто Ферари пред Логан Сарџент, додека Макс Верстапен беше само осми, иако возеше само со медиум гуми.

Џорџ Расел и Јуки Цунода од АлфаТаури ги заокружија првите 10, иако последните времиња се во голема мера нерепрезентативни без вистински симулации за квалификациите кои се одржаа пред да падне дождот.

На интермедиум пневматиците, Верстапен беше најбрз за две секунди пред Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ