Албон не се кае за потегот, повторно би го направил истото

Александер Албон вели дека не разговарал со Луис Хамилтон од ниниот судар минатиот викенд на првата овосезонска трка, но во пресрет на вториот настан на Ред Бул Ринг, откри дека повторно би го сторил истото и би направил обид да го мине шампионот на исти начин.

Двајцата имаа борба за второ место по последното безбедносно восило, Луис беше на стари хард, а Албон на нови софт така што разликата во перформанси беше повеќе од очигледна. При обидот за претекнување, Албон беше удрен од Хамилтон и иизвртен крај патеката, за што Луис доби 5 секунди казна и остана без подиум.

Инцидентот беше втор нивни на последните три трки откако имаа свое шоу и во Бразил.

не сме разговарале по трката и да бидам искрен немаше што многу да се кажува. сигурен сум дека луис немаше намера да имаме контакт, но нема потреба да кажувам ништо затоа што сега сум фокусиран на втората трка – вели албон.

Откако го гледал инцидентот повеќе пати, Алекс е сигурен дека имало доволно место за двајцата во тој дел од патеката без да се направи никаков контакт.

кривината е таква што врвот не е каде што се гледа од надвор. има еден агол на камерата може да се излажете дека сме еднакви со луис, но излезот од кривината не е таму. таа 4та кривина е многу долга. го направив вистинскиот потег за да си дадам доволно место и да минам од надворешниот крај.

би го направил истиот потег повторно, тоа е единствен начин за минување таму. не може да се чека кога тие имаат многу послаби гуми, а со тоа и перформанси затоа што ќе се загубеше мојата предност. јас не жалам за ништо.

И покрај тоа што ја уништи неговата шанса за подиум па и титула, Албон верува дека казната за Хамилтон била соодветна.

на почетокот бев фрустриран затоа што јас бев најголемгубитник од целата ситуација, но такви се правилата и казните се исти без разлика на последиците од сударот. среќен сум со ситуацијата иако загубивме доста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ