Албон објасни зошто возеше со бела кацига

Александер Албон донел одлука непосредно пред стартот на викендот да вози со различна заштитна кацига од производителот Араи во Италија како дел од експериментот на Ред Бул дали таквиот дизајн ќе им помогне да стигнат до подобри перформанси.

Британецот со тајландско потекло претходно користеше кацига од производителот Бел, но во Петок во Монца имаше целосно бел Араи на себе, додека за утре треба да му стигне целосно обоена кацига.

На почетокот на годината од Милтон Кинс открија дека нивниот овогодишен аеродинамички концепт е базиран околу кацигата на Араи, а денешните тестови требаше да го проценат и покажат токму тоа.

доцна донесовме одлука да возам со таа кацига. се надевам дека за утре ќе биде целосно обоена. сакавме само да видиме дали ќе се подобри радио комуникацијата покрај перформансите – откри алекс.

Албон откри дека промената не била многу значајна кај него, откако на почетокто на годината Верстапен не се чувствуваше удобно во таа кацига и го промени производителот по неколку трки и сега се трка со кацига на Шуберт.

не сум адриан њуи и не можам да кажам многу, но тие сакаа да го пробам тоа затоа што во формула 1 секој детал е важен. за мене не беше многу различно затоа што сите кациги имаат стрктни правила кои треба да ги следат и многу се слични една на друга.

Албон изјави дека не е сигурен со кој производител ќе продолжи до крајот на сезоната. Во однос на перформансите, Ред Бул на Монца се многу поблиску до Мерцедес и Ферари одошто тоа беше случајот во Белгија.

блиску сме и можеме да намалиме уште од заостатокот. ќе видиме што ќе се случи утре, но чувството беше добро, балансот исто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ