Многумина сметаа дека откажувањето од своето Формула Е тркачко место во корист на Формула 1 деби за Александер Албон било ризик, но тајланѓанецот не се двоумел што треба да направи.
Овогодинешниот дебитант на торо Росо требаше сезонава да ја вози во Нисан Формула Е тимот откако потпиша договор со нив како третпопласиран во Формула 2 лани, а можностите за Формула 1 изгледаа никакви. Но, заминувањето на Даниел Рикардо во Рено го однесе Пјер Гасли во Ред Бул, а остави празно место во Торо Росо во ситуација во која Академијата на млади возачи немаше подготвен производ.
Алекс има одлично деби во својата Формула 1 кариера, заврши поени на две од четирите извозени трки, а најдобар беше во Кина каде почна од боксот, а заврши на 10то место и освои поен.
Запрашан да ја објасни одлуката да се откаже од фабричко место во Нисан во формула Е за да се вози во Торо Росо тој откри:
доаѓањето од формуал е во формула 1 и носење на таква одлука секако дека носи одреден ризик. но, од мојата 6та година кога и да помислам на моторспорт, формула 1 е тоа што секој го сака.
секако дека и додека возев во формула 2 моја цел беше да стигнам до формула 1, но тоа изгледаше се помалку веројатно и поради тоа отидов во формула е.
кога добив повторно шанса, знаев што треба да направам. во формула 1 во моментов мислам дека стабилноста е помала, но и во формула е од вас се бараат резултати и поени.
јас не жалам за ништо, едноставно не сакам да пропуштам никаква шанса да возам во формула 1. одуката за мене беше лесна- окри албон.