Албон откри што очекува од Сарџент

Александер Албон годинава ќе биде лидер на Вилијамс, а крај него во гаражата ќе биде дебтантот Логан Сарцент.

Тој очекува американецот брзо да учи во своето деби во тркачката серија откако ќе стане еден од тројцата дебитанти на гридот годинава.

не може да станам и да кажам дека сум лидер на тимот, тоа доаѓа со искуството кое го имате и престојот во екипата. моето време во ред бул и торо росо придонесе многу, сега знам на каде треба да одиме и што треба да подобриме.

сакам да се ставам во позиција каде се трудам и давам се од себе за да напреднеме, помагам колку што знам и умеам во развојот на болидот, притискаме во областите кои не ограничваат – посочи британецот со тајландско потекло.

Иако Сарџент има неколку тренинг сесии искуство со тимот годинаа, Албон смета дека веќе дава слични повратни информации како него.

логан малку го возеше болидот лани. очигледно дека е брз, а повратните информации од симулаторот се многу споредливи со она што јас го враќам од патеката. зборуваме за истите работи и мислам дека работиме во иста насока.

секако дека се е во деталите кои ќе мора да ги совлада како дебитант, но многу брзо ќе се подобри. сигурен сум дека е доволно талентиран да собере искуство за да може брзо да учи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ