Албон полн со пофалби за Воулс

Александер Албон е полн со пофалби за работата која новиот тимски шеф, Џејмс Воулс, ја врши во Вилијамс.

Воул замина од Мерцедес на крајот од минатата година, тмау беше шеф на одделот за стратегија и дојде во екипата од Гроув како прв човек, на местото кое празно го остави Јост Капито. Започна со работа неколку денови пред почетокот на сезоната и секако дека сеуште се аклиматизира.

По многу успешни години со Мерцедес и одговорност во однос на стратегијата, Албон веќе е убеден дека Џејмс е вистински човек да го предводи трофејниот тим.

џејмс дефинитивно има огромно знаење кое го носи од мерцедес, очигледно е памтен човек кој ни е нас потребен. ние веќе одработуваме добро доста работи, но има и дел каде не сме толку добри и тој може да бе подобри на кус и на долг рок.

тој е со нас многу кусо време, но слушајќи го тоа што го кажува, мислам дека носи многу во тимот, придонесува многу. се надевам дека ќе продолжува да не подобрува и на долги на кус рок и ќе видиме огромен напредок – вели албон.

Тимот сезонава ја започна силно со поен уште на првата трка преку 10то место на Албон, иако се посочуваше дека ќе бидат последна екипа на гридот годинава. Запрашан за ритамот од почетокот на сезоната, Алекс одговори:

по малку сум изненаден. во однос на чувството од болидот додека возиме, дефинитивно има мали подобрувања во однос на лани, но треба да сме доса посилни. чувствувам дека сум во многу подобра позиција и дека имаме голем простор за напредок, нешто што многу ме возбудува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ