Албон со прва пол позиција и победа во ДТМ

Резервниот возач на Ред Бул, Алекс Албон, победи на втората трка во ДТМ на Нирбургринг во неделата, откако ја освои пол позицијата за истата.

25-годишниот возач стартуваше од прво место и успеа да се заштити во текот на хаотичната трка околу Нирбургринг, во која имаше два периода на безбедносно возила и девет откажувања, додека тој го возеше своето АлфаТаури АФ Корсе Ферари.

Албон направи одлично бегство на врвот, но првото безбедносно возило не беше далеку по судирот на Лукас Оер и Максимилијан Бук, отстранувајќи ја предноста која ја создаде Албон.

По откажувањето во првата трка викендов, Албон возеше чисто и се оддалечи по рестартирањето и по влегувањето во боксот, дојде до второ безбедносно возило на патеката, што сите возачи пред Албон го искористија за влез во бокс, ставајќи го него во победничка позиција до крајот на трката.

Албон го постигна својот втор подиум во ДТМ вна последната трка во Золдер и успеа да заврши на врвот во Нирбургринг за да ја оствари својата прва победа во која било категорија откако победи во Русија во Формула 2 во 2018 година.

Албон сега е на четвртото место во генералниот пласман во ДТМ по неговата победа во неделата.

Иако тој беше заменет од Ред Бул со Серхио Перез оваа сезона, улогата на Албон во возењето со симулатори беше пофалена постојано од тимот оваа сезона, со тоа што Хелмут Марко го нарече „најголем адут“ на тимот при развивање на болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ