Албон со себичен одговор за спринтот

Алекс Албон верува дека сите возачи ќе имаат сличен одговор доколку се проба МотоГП верзијата на спринт трка на секој Формула 1 викенд. 

Алтернативниот формат ќе биде пробан во Баку кога ќе се одржи првиот спринт викенд. Возачите ќе имаат квалификации во петок, во сабота ќе се вози спринт од 100 километри, а главната трка ќе се вози во недела иако плановите се да има уште една квалификациска сесија наместо вториот тренинг која ќе го даде стартниот поредок за Гранд При настанот. 

Баку ќе биде првиот од шесте спринт викенди кои треба да се возат и во Австрија, Белгија, Катар, Америка и Бразил. Како контраст на ова, МотоГП имаат спринт формат каде секоја сабота се вози скратена трка. 

Мислам дека секој возач би бил себичен околу ова. Некој го сакаат некој не, некој мисли дека е возбудливо и може да биде подобар или понапред на квалификациите, но да загуби предност на спринтот.

Болидите престасуваат и на трката знаете во која позиција сте и која брзина ја имате. Доколку е вака секој викенд, квалификациите губат смисла и работите се попредвидливи. 

Според Албон спринтот ќе има помалку престасувања. 

Доколку Макс и Шарл стартуваат од втора и седма позиција, нема многу да се тркаат на спринтот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ