Албон успешно “лебдел“ низ дебитантската сезона

Возачот на Ред Бул, младиот британец со тајландско потекло, Александер албон, чувствува како да лебдел низ својата дебитантска Формула 1 сезона и сеуште се мачи да го разбере целосно напредокот и подемот кој го имаше годинава.

Возачот требаше сезонава да ја комплетира во Формула Е за Нисан е.Дамс тимот, но во последен момент доби раскин од договорот, финансиран од Ред Бул кои решија да го вдомат во Торо Росо како замена за Пјер Гасли кокј беше унапреден. Французинот не се покажа за периодот кој го доби како возач во Милтон Кинс по што беше вратен во Фаенца, а вториот дел од сезоната за Ред Бул извози Албон.

искрено имам многу чудно чувство затоа што сеуште се мачам да сфатам дека сеуште возам за ред бул. како да лебдам во оваа моја прва сезона и некако не сум свесен за ништо што ми се случува што смерам дека е добро затоа што имам помал притисок, но сигурен сум дека за време на паузата ќе направам анализа и ќе ми стане јасно што сум постигнал.

речиси и да не сум свесен што ми се случило затоа што да се биде во врвна екипа во првата година е навистина реткост, мислам дека само луис има добиено таква можност при своето деби во мекларен пред 10 години.

Младиот возач откри дека многу му олеснилот тоа што имал опција ако не успее во Ред Бул да биде вратен во Торо Росо што значело драстично помал притисок во неговото деби за врвната екипа.

мора константно да бидам свесен дека ако премногу размислувам за тоа што се случува, ќе си правам притисок и тоа нема да ми помогне. длабоко во мозокот се носат одлуки и слични работи.

во исто време единственото нешто што докажува до каде сте се резултатите. поради тоа, мора да се фокусирате на возењето и да извлечете се што можете од болидот и тимот, а и двете рабти ви се нови. така беше за мене, јас не си ставав притисок дека не смеам да кикснам туку дека имам можност да покажам што можам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ