Алези: Мерцедес ќе бидат на чело во Австрија

Поранешниот француски Формула 1 возач, Жан Алези, смета дека Мерцедес ќе биде екипата која треба да се победи во новото променето првенство кое ќе започне на почетокот на следниот месец во Австрија.

Тимовите не беа во можност да се развиваат и работат. Можеби ќе видиме минимални промени во хиерархијата, но мислам дека предноста на Мерцедес ќе биде сеуште присутна – најави алези.

Иако сезоната беше паузирана сред кризата со Корона вирусот, некои возачи тренираа со виртуелните симулатори. Алези смета дека Леклер не го користел тоа за да се “прави важен“.

Не, мислам дека тој само сака да се забавува. Покажува дека е сеуште млад, но и дека може да донесе забава во вакви услови. Тоа го почитувам повеќе од возачи кои често не се во медиумите. Мислам дека понекогаш некои Формула 1 возачи ја забораваат улогата која ја играат пред фановите – изјави Алези.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ