Алисон го откри одлучувачкиот фактор за развојот на Мерцедес

Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, вели дека главен и одлучувачки фактор позади напредокот на тимот во развојот во последните неколку години е нивното разбирање на пневматиците, главно оружје за “сребрените стрели“ според британскиот инженер.

Во текот на годините, пневматиците на Пирели и нивното комплицирано менаџирање, влијаат многу над резултатите на возачите во трките или ги уништија шансите тимовите да имаат постојани перформанси. Од пликови и деградација до неможноста да се одржи температурата во оптималниот прозор, се само некои од главните предизвици за инженерите.

Во минатото, Мерцедес не беа имуни на проблеми со пневматиците, но инженерите од Брекли, постепено се здобија со познавање на пневматиците и според Алисон никој не се споредува со нив.

Најважно нешто денес е да се извлече максимумот од пневматиците, без разлика на сезоната. Ние сме среќни што имаме одлични инженери во тимот, во нашиот оддел за динамика на возење. Тие го имаат познавањето и знаењето. Најголема предност која овој тим ја направи во последните две или три години беше развојот на болидот за да се справи подобро со пневматиците.

Секогаш имавме брз болид, но сега работи подобро со пневматиците од порано. Поради тоа, не го гледаме променливиот ефект од неверојатно добри до слаби трки. Немавме пад годинава.

Другите тимови исто така работат на тоа, но од денес, би рекол дека нашиот тим има најдобри шанси да ги доведе пневматиците во оптимален прозор и да ги задржи во тој прозор целиот викенд. Тоа стана силно оружје за нас.

Алисон признава дека одлуката на Пирели да ја намали допирната површина на пневматиците за 0.4 милиметри во 2019 година го намалила ризикот од пликови и деградација, но Мерцедес изгледа дека сеуште има предност пред ривалите.

Пневматиците не се толку поинакви од минатата година. Го користевме овие пневматици со потенка површина на последните три трки во 2018 година. Не се појавуваат пликови толку бргу, тоа е факт. Не знам што направиле другите. Се што можам да кажам е дека ние сме среќни што имаме толку способни луѓе во тимот.

Беше важно за нас да ги разбереме пневматиците, како влијае болидот над нив, за аеродинамиката и механиката да работат заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ